05 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Екс-министерот за правда и поранешен член на Алијансата за Албанците, Кренар Лога, повика државата да преземе конкретни чекори и финансиски да ѝ помогне на Ромската заедница во процесот на стекнување возачки дозволи. Неговата реакција доаѓа по протестите што од вчера се одржуваат во повеќе градови низ државата, откако на дел од граѓаните од ромска националност им беа одземени возилата поради управување без возачка дозвола.
Во јавна објава, Лога истакна дека законите мора да важат подеднакво за сите, но предупреди дека пред осуда и предрасуди мора да се земе предвид социјалната реалност во која со години живее Ромската заедница.
„Секој од нас треба да го почитува законот без исклучок. Меѓутоа, пред да судиме и да предрасудуваме, оваа наша Ромска заедница, која со години е оставена на маргините, треба да биде поддржана“, напиша Лога.
Тој смета дека финансирањето на возачките испити и обуката за возачка дозвола не би претставувало значителен товар ниту за државата, ниту за општините. Според него, ваквата мерка веќе била предвидена во програмите на речиси сите кандидати за градоначалници на изминатите избори.
„Воопшто не би претставувало трошок за државата или за општините да го финансираат стекнувањето на возачка дозвола за овие мажи и жени, кои се грижат за и ги издржуваат своите семејства“, додава Лога.
Во меѓувреме, протестите на Ромската заедница продолжуваат како израз на незадоволство од мерките на институциите, при што демонстрантите бараат системско решение кое ќе им овозможи легално да учествуваат во сообраќајот и да обезбедат егзистенција за своите семејства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

