13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породувањето во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение, оставајќи го своето новородено бебе во здравствената установа.
Случајот бил пријавен до надлежните институции, по што биле преземени соодветни мерки. Од СВР Велес информираат дека против жената е поднесена кривична пријава, а предметот ќе биде целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
Во меѓувреме, надлежните органи преземаат активности за заштита и соодветно згрижување на новороденчето, со цел обезбедување на неговата безбедност и понатамошна грижа.
Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на истрагата.
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

