На Криволак НАТО-вежба „Брз одговор 24“
Полигонот „Криволак“ повторно домаќин на голема НАТО вежба „Брз одговор 24“ во рамките на кампањата „бранител 24“ во организација на командата на САД за Европа и Африка, што секоја година се изведува на европско тло.
Најголем број од учесниците на вежбата се од САД, 3 илјади 650 американски војници и 9 илјади и 500 припадници на сојузничките армии и партнерите. Покрај воздушните операции, ќе се спроведуваат нападни операции, вежби со гаѓање и мултинационална обука.
Вежбата почнува на 5-ти мај и освен во земјава, ќе се одвива и во Естонија, Полска, Романија, Шведска и Молдавија. Дополнително и на базни локации во Италија и Унгарија.