На Токсикологија полавени простории од пукната цевка на парно
Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на клинички центар и истекла вода од радијатор, час и половина биле поплавени простории на третиот кат, но водата се слевала и надолу, се до подрумот. Претходно, вработени од Клиниката за токсикологија со писмо упатено до медиумите предупредија дека Клиниката не е осигурана.
„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д. директорката не сака да потпише, затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално Клиниката два месеца не е осигурана иако за тоа сме обврзани со закон“, стоеше во реакцијата на вработените на Токсикологија.
Екипата на Македонската телевизија е на терен и повеќе информации за случајот ќе објавиме во следното информативно издание.