Православните верници денеска го слават Велигден
Денеска е Велигден, еден од најголемите христијански празници.
Православните верници денеска го слават овој празник според Јулијанскиот календар – воскресението на Исус Христос.
Велигден е празник кој го слави враќањето на Исус во живот – воскресението.
Според христијанското верување, тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, вклучувајќи го и денот на неговата смрт, т.е. првата недела по Велики петок.