12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено сообраќајна несреќа што се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во која тешко е повреден пешак.
Според информациите од полицијата, товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.Т. од Скопје, удрило во пешакот З.С. (56), исто така од Скопје.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување на медицинска помош.
На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

