Рамиз Мерко седнува на обвинителна клупа
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко седнува на обвинителна клупа. Одговара за злоупотреба на службена положба и овластување при набавката на службеното луксузно возило „ауди а6“ од речиси 67 илјади евра. Предметот беше инициран од Антикорупциската комисија пред неколку години која обзнани и дека токму со помош на струшкиот суд, Мерко го набавил луксузното возило.
Еден месец подоцна, односно на 22-ри мај, струшкиот градоначалник повторно треба да се појави во судот, но за друго обвинение. Одговара дека несовесно работел и именувал ве-де директорка во Лабуништа која немала соодветно работно искуство во воспитно-образовната работа.
Мерко е на американската црна листа, не само за вмешаност во корупција, туку и за влијание врз судски и други процеси.