15 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Новинарот и политички коментатор Саше Ивановски, познат како Саше Политико, во подкастот Почетна пресметка раскажа анегдота од периодот кога, како што вели, ја водел „најжестоката битка со Груевци, со Мијалков, со ‘Покољ’“.
Тој откри дека во екот на политичките пресметки му се расипала тастатурата и останал без можност да работи.
„Ми се расипа тастатурата и не можам да работам. Му се јавувам на потпаролот на СДСМ, тогаш беше тоа Петре Шилегов. Му велам: ‘Петре, цркна тастатура – помагај’“, раскажува Ивановски.
Одговорот бил краток: „Дојди веднаш на Бихаќка.“
На пат кон седиштето на партијата, вели дека очекувал посериозна помош.
„Си правам филм по пат – сега нешто ќе помогне, можеби лаптоп, можеби пари да си купам лаптоп“, вели тој.
Но, наместо тоа, добил – тастатура.
„Еве ти тастатура. Од кај знаеш? Претпоставив. Ја искорнал од компјутерот. Тастатурата ми ја носи, кабелот се влече по земја, стара, стара. И ден-денес ја чувам. Крцкаат сите копчиња“, раскажува Саше Политико.
Со доза на иронија ја сумира приказната:
„Помошта мојата од СДСМ е стара, искоренета тастатура.“
Анегдотата ја илустрира, од негова перспектива, атмосферата и односите во период на силни политички конфликти, кога дури и најосновната техничка поддршка можела да биде клучна за работа
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

