02 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Македонските граѓани и работници продолжуваат да се соочуваат со сериозен економски притисок, со најниски плати во Европа и секојдневна борба за покривање на основните трошоци за живот. Наместо конкретни и ефективни мерки за подобрување на животниот стандард, Владата предводена од Мицкоски, според ставовите изнесени од СДСМ, нуди симболични и недоволни решенија.
Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра и не презема соодветни чекори за справување со високите цени на основните производи. Истовремено, зголемувањето на платите во образованието од 7% се претставува како „историско“, иако реалната вредност на тоа покачување е минимална во однос на растот на трошоците за живот.
Колку навистина вреди ова „историско“ зголемување? Според пресметките, тоа изнесува колку 4 килограми домати, 2 килограми краставици и 4 литри дизел. Со други зборови, покачувањето практично не го подобрува животниот стандард на граѓаните.
Во меѓувреме, цените продолжуваат да растат. Само во последните три месеци, трошоците за живот се зголемиле за околу 2.500 денари, додека синдикалната минимална кошница во март достигна речиси 68.000 денари. Дополнително, поскапе и лебот – основен производ за секое домаќинство – без соодветна реакција од страна на институциите.
Овие показатели јасно укажуваат на продлабочување на економската несигурност. Наместо системски решенија, граѓаните се соочуваат со реторика која не кореспондира со реалноста.
Очигледно е дека Владата ја потценува економската состојба на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со празни паричници и сè потешко ги задоволуваат основните потреби. Потребни се итни, конкретни и одговорни политики кои ќе донесат вистинско подобрување на животниот стандард.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

