28 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Шарката кај овци и кози е потврдена на четири фарми во земјава, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Станува збор за високо заразна вирусна болест која предизвикува сериозни економски последици во сточарството.
Првиот случај бил регистриран пред еден месец во селото Лопате, Кумановско, откако Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје лабораториски го потврдил вирусот кај овци и кози.
Во првото жариште биле заклани и безбедно уништени 65 овци. Во уште две жаришта се уништени дополнителни 61 овца. Мерката се спроведува со цел да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата и да се стави болеста под контрола.
АХВ прогласи:
Во овие подрачја е забрането движење на овци и кози. Се врши евидентирање на сите одгледувалишта и задолжителен клинички преглед на животните. При секој сомнителен случај се земаат примероци за лабораториска анализа.
На фармите каде што е потврдена болеста се спроведуваат мерки за темелно чистење, дезинфекција и третман на објектите, опремата и транспортните средства.
Како дополнителна превенција:
Во тек е епидемиолошка истрага за утврдување на изворот и начинот на ширење на болеста, а засилен е и надзорот врз биосигурносните мерки на фармите во погодените зони.
Шарката кај овци и кози е регистрирана и во Грција, Бугарија и Србија, што дополнително го зголемува ризикот од прекугранично ширење.
Надлежните нагласуваат дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува на луѓето и не претставува закана за јавното здравје. Сепак, таа може да предизвика значителни финансиски штети поради намалено производство, уништување на добиток и ограничувања во трговијата.
Суровото млеко и млечните производи од зоната под надзор (10 км) смеат да се пласираат на пазарот само по термичка обработка или пастеризација на 72°C во траење од 15 минути. Надвор од рестриктивните зони, млекото и производите може да се користат без ограничувања.
Движењето на овци и кози од ограничените зони за колење е забрането, освен ако тоа се врши во одобрена кланица во рамките на зоната и по извршен клинички преглед. Домашното колење исто така мора задолжително да се пријави до надлежното ветеринарно друштво, кое го информира официјалниот ветеринар на Агенцијата.
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

