TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
ДРУГО

Денеска 28 февруари 2026 година се празнува Тодорова сабота

28 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Денеска се празнува Тодорова сабота – првата сабота од Великиот пост, посветена на преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон.

Овој празник нè враќа во времето на царот Јулијан Отстапник, кој по смртта на Констанциј, синот на светиот цар Константин, отпаднал од христијанската вера и повторно го вовел идолопоклонството. Иако се откажал од јавно и свирепо гонење на христијаните, смислил подмолен начин да ги оскверни.

Во првата седмица од Великиот пост, царот му наредил на градскиот управник да ја тргне чистата храна од пазарите и да ја замени со лебови и пијалаци осквернети со крв од идолски жртви. Намерата била оние што постат, купувајќи од пазарот, несвесно да се осквернат.

Но, по Божја промисла, оваа завера му била откриена на свети Теодор Тирон. Тој му се јавил на архиерејот Евдоксиј и го предупредил да го извести народот да не купува ништо од пазарите. Кога архиерејот прашал што ќе јадат сиромашните, свети Теодор одговорил: „Нека јадат коливо“ – варена пченица.

Верниот народ го послушал советот и така бил запазен од осквернување. Кога царот видел дека неговата намера пропаднала, наредил повторно да се продава вообичаената храна. Во благодарност за избавувањето, христијаните ја определиле оваа сабота да се слави во чест на свети Теодор, а коливото останало како симбол на Божјата заштита и победата на чистотата над лукавството.


Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски

На овој ден Црквата го спомнува и светиот свештеномаченик Поликарп Смирненски, епископ Смирненски.

Тој се родил како незнабожец, но во христијанската вера го вовел и го крстил светиот апостол Јован Богослов. Рано останал без родители, а го посвоила благородна вдовица по име Калиста, која го воспитала во побожност и милосрдие.

Поликарп бил ученик на апостолите и ревносен следбеник на Христовото учење. Бил ракоположен за презвитер од епископот Вукол, а по неговата смрт бил избран и хиротонисан за епископ на Смирна. Уште од почетокот имал дар на чудотворство: исцелувал болни, изгонуваал демони, со молитва запирал пожар и измолувал дожд во сушни времиња.

Пострадал во времето на царот Марко Аврелиј, во 167 година, на Велика сабота. Три дена пред смртта прорекол дека ќе биде фрлен во оган заради Христа. Кога бил изведен на суд и повикан да се одрече од верата, одговорил: „Не можам да менувам подобро за полошо!“

Иако бил положен на клада, пламенот не го допрел. Потоа бил прободен со копје, а по смртта неговото тело било запалено. Со своето мачеништво останал пример за непоколеблива вера, трпение и љубов кон Бога.


Преподобен Дамјан Есфигменски

Се спомнува и преподобниот Дамјан Есфигменски, монах од манастирот Есфигмен на Света Гора.

Бил современик и другар на свети Козма Зографски. Се подвизувал во строг монашки живот на гората Самарија, меѓу манастирите Есфигмен и Хилендар. Се упокоил мирно во 1280 година. Според преданието, од неговиот гроб четириесет дена се ширело прекрасно благоухание – знак на неговата светост.


Тропар на свети Поликарп

Велик учителу на Црквата Христова, епископе Божји со благодат преисполнет, поучуван од апостолите, дар за пророкување ти беше подарен, Поликарпе, храбар Господов подвижнику, со мноштво венци овенчан, огнот светоста твоја не ја допре, моли се, свети мачениче, да поднесуваме сè со смирение и трпеливо да ги спасуваме нашите души.


Тодорова сабота нè потсетува на силата на верата, на Божјата промисла и на победата на духовната чистота над секоја подмолност. Преку примерот на светите маченици, верниците се повикуваат на трпение, смирение и непоколеблива верност кон Христа.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
07 октомври 2026

Радев: Податоците за погодените бродови во Црното Море упатуваат кон Русија

СВЕТ
07 октомври 2026

Ученик повреди седум лица во напад во училиште во Полска

СВЕТ
07 октомври 2026

Бугарија купува уште пет системи ИРИС-Т за противвоздушна одбрана

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Возач санкциониран откако го блокирал сообраќајот во центарот на Скопје

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

СДСМ бара итно да се стават во функција томографите и рок за решавање на проблемот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Филипче: СДСМ предлага план за ЕУ, правда, прогресивен данок и повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Советник на Мицкоски поврзан со мрежата инвеститори на Водно

СВЕТ
07 октомври 2026

Руски ракетен напад врз цивили во Прилуки: 14 загинати и 50 повредени

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Уапсен виш јавен обвинител од Битола, осомничен дека влијаел за поблаги казни

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

СДСМ: Владата планира ново задолжување до 250 милиони евра за буџетска поддршка

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 октомври 2026

ЕУ воведува санкции за над 1.600 лица и субјекти поврзани со Русија

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Инфлацијата во Северна Македонија се забрза на 2,7 отсто во септември

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Филипче предлага европски обвинители да ги проверуваат спорните случаи

СВЕТ
07 октомври 2026

Унгарија подготвена да го повлече ветото за преговорите на Украина со ЕУ

СВЕТ
07 октомври 2026

Украина погоди нафтени објекти и воен полигон во Русија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Филипче за „идиот“ кон Мицкоски: Остриот речник е предупредување за ниските плати и блокираниот пат кон ЕУ

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Муцунски и Петрова утре во Софија: средба по повикот на Фон дер Лајен за дијалог и добрососедство

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Филипче најави враќање на прогресивниот данок и данок на екстра профит

СВЕТ
07 октомври 2026

ЕУ исплати 1,24 милијарди евра за Украина: парите се за дронови, пресретнувачи, муниција и ракети

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Пред проверки за социјални пензии пресечени гуми на службено возило во Тетово, камерите не работеле без струја

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 октомври 2026

Украина: Русија загубила речиси 1,55 милиони војници од почетокот на инвазијата

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Марта Кос: Северна Македонија треба да стане полноправна членка на ЕУ, не придружна

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Филипче најави ветинг за сите функционери и проверка на потеклото на имотот

СВЕТ
07 октомври 2026

Венс: Иран мора значително да го намали збогатувањето ураниум за да заврши војната

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Во Гостивар уапсен 69-годишник, полицијата пронашла автоматска пушка и муниција

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
07 октомври 2026

САД предупредуваат за сомнеж за белодробна чума во Иркутск

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

Филипче: На Водно нема да се гради додека сум претседател на СДСМ

МАКЕДОНИЈА
07 октомври 2026

По шест дена штрајк, Василевски го прекина штрајкот пред Медицинскиот факултет

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега