21 септември 2026
• од Гоце Кически
До надлежните институции е доставена анонимна кривична пријава со наводи за можен организиран криминал и корупција поврзани со влез на странски државјани преку Меѓународниот аеродром Скопје.
Во пријавата се бара проверка на информациите дека државјани на Непал, Бангладеш, Индија и Пакистан, кои поседувале дозволи за престој издадени од Кипар, влегувале во земјава преку скопскиот аеродром со можна помош од полициски службеници.
Подносителот наведува сомнение дека за овозможување на влезот се плаќале околу 800 евра по лице. Се тврди и дека од 1 до 24 август годинава преку аеродромот можеби влегле околу 300 лица, но во самата пријава се нагласува дека оваа бројка треба да се провери преку официјалните евиденции.
Од надлежните се бара да ги проверат летовите, граничните контроли, смените на полициските службеници, видеонадзорот и електронските записи за влез и излез. Посебно се бара да се утврди дали дел од лицата подоцна ја напуштиле земјата нелегално и продолжиле кон Грција, Србија и други европски држави.
Како прилог се доставени снимки од јавни објави на каналот „Смартвеј Травелс“ на Тикток. Според подносителот на пријавата, на овие објави се рекламираат маршрути преку Кипар и Северна Македонија кон Италија, Шпанија, Франција и други земји.
На дел од приложените материјали наводно се прикажани пасоши, гранични печати од скопскиот аеродром и цени од 4.500 до 4.800 евра за вакви маршрути. Од институциите се бара да го утврдат идентитетот на лицата кои стојат зад профилот и евентуалната поврзаност со лицата кои пристигнувале преку аеродромот.
Во пријавата се бара институциите независно да проверат дали постои поврзаност меѓу посредници, организатори и полициски службеници, како и дали има елементи на корупција, злоупотреба на службената положба, организиран криминал или криумчарење мигранти.
Подносителот тврди дека сомнителните активности можеби траат од јануари годинава и бара итно да се обезбедат видеоснимките и електронските податоци поради можноста тие да се чуваат ограничен временски период.
Бугарски вселенски успех: ЕндуроСат стана компанија вредна над милијарда долари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

