18 септември 2026
• од Темелко Тошев
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за емисијата „Off the Record“ на А2 ЦНН, истакна дека независноста на Косово е постигната со огромни жртви и со одлучувачка поддршка на западните сојузници.
Според него, Албанците треба да им бидат вечно благодарни на Соединетите Американски Држави (САД) и на НАТО за независноста на Косово, бидејќи тие го поддржале отпорот на косовскиот народ и ставиле крај на геноцидот.
„Не е мала работа да направиш држава во стара Европа. Косово стана држава. Не е лесно да го направиш Косово држава кога 150 години Москва и Белград инвестираа во тоа да го избришат од лицето на земјата не само Косово, туку и голем дел од Албанија“, изјави Ахмети во интервјуто.
Лидерот на ДУИ се осврна и на минатото, посочувајќи ги историските неправди нанесени на Албанците почнувајќи од 1878 година. Тој ги спомена договорите и конференциите во Сан Стефано, Берлин, Лондон и Версај, за кои нагласи дека секогаш биле на штета на албанските територии. Сепак, како што вели тој, ова е првпат меѓународната заедница, претставена преку Америка и Европа, да ги поправи овие историски грешки.
„Ослободувањето во оваа војна го постигнавме со сојузниците. Слободата ја плативме со крв. Затоа треба да им бидеме благодарни до крајот на животот на Америка и на НАТО, кои застанаа на страната на правдата и го поддржаа отпорот за да се стави крај на геноцидот и на протерувањето на Албанците. Само во Албанија беа протерани 800.000 Албанци, да не зборуваме за останатиот дел во Македонија“, заклучи Ахмети.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

