17 септември 2026
• од Темелко Тошев
Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Мејдани, реагираше по донесувањето на првостепената пресуда против поранешните лидери на ОВК (UÇK), истакнувајќи го своето уверување дека правдата сè уште не е задоволена и дека оваа одлука треба да биде отфрлена во жалбената постапка.
Во својата јавна реакција, Мејдани се потсети на 1999 година, кога Албанија ги отвори своите граници за косовските бегалци кои бегаа од војната и етничкото чистење, нагласувајќи дека сеќавањето на тој тежок период останува живо.
„Денес, како амбасадор на Албанија во Скопје, оваа тежина се чувствува уште потажно, особено меѓу албанската заедница која за оваа војна не учеше од книгите. Нејзините синови се бореа во неа. Нејзините семејства се жртвуваа“, напиша Мејдани.
Тој подвлече дека слободата на Косово не била подарена, туку извојувана со крв, со огромна жртва, преку борбата на ОВК и со клучната интервенција на НАТО.
„Цврсто верувам во правдата и верувам дека оваа пресуда мора да биде отфрлена. Нашата историја можеби може да биде судена, но таа никогаш не може да биде препишана“, нагласи албанскиот амбасадор во својата изјава.
На крајот, Мејдани изрази силна поддршка за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и нивните семејства. Тој потсети дека судскиот процес сè уште не е завршен и дека ова е само првостепена одлука, додекапрв допрва се очекува нејзино разгледување пред Апелациониот суд.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

