15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Албанскиот младински форум најави дека денеска ќе организира настан во знак на поддршка на поранешните лидери на ОВК кои се наоѓаат во Хаг, во пресрет на нивната конечна пресуда.
Како што пренесува порталот Tetova Sot, активноста ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, со почеток во 18:00 часот.
Во јавниот повик на организаторите, насловен „Слобода за ослободителите!“, се повикуваат граѓаните на масовна поддршка:
„Албанскиот младински форум организира активност за поддршка на поранешните лидери на ОВК, кои се наоѓаат во Хаг, во пресрет на конечната пресуда. Ги повикуваме сите Албанци да се собереме за да му испратиме порака на судот дека за оние кои се ставија во служба на слободата под амблемот на ОВК, не постои суд што може да им суди, бидејќи ОВК е чиста. Од Скопје ќе го пренесеме нашиот силен глас на солидарност и поддршка“, се вели во соопштението.
Од форумот додаваат дека ОВК е нераскинлив дел од историјата и слободата на Албанците.
„Борците за слобода заслужуваат само правда. Сите заедно за правда. Сите заедно за ослободителите!“, порачуваат организаторите, потсетувајќи дека собирот е закажан за вечерва во 18:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

