15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук упати остри критики кон Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство (ОЈО), обвинувајќи ги институциите за селективен пристап и двојни стандарди.
Реакцијата на Апасиев доаѓа по веста за експресното приведување на лице кое упатувало пцовки кон премиерот Христијан Мицкоски, што лидерот на Левица го спореди со негово лично искуство од минатото кога бил соочен со реални закани по животот.
„Мене пред некоја година, како тогашен опозициски пратеник, муџахедини ми се закануваа по живот, тело и фамилија. Една обвинителка од ОЈО Скопје во два наврата ми ја отфрли кривичната пријава онака лежерно, со објаснување: ‘Тоа е друже, ти сам си одбрал да се бавиш со политика’!?“, пишува Апасиев.
Тој направи паралела со актуелната ситуација, истакнувајќи дека институциите реагираат прекумерно кога станува збор за премиерот.
„Ама еве сега Мицика го опцул сочно некој пијаница, и одма притвори, затвори, чуда... Цело МВР и ОЈО на нозе! Да не биде покусо од Митко Јанчев, де, каде за една пијана пцовка после две ракии ги апсат таму со началникот кавадаречки сите пијаници“, додава пратеникот.
На крајот од својата објава, Апасиев најави дека во наредните денови ќе ја пронајде својата отфрлена кривична пријава и јавно ќе ги спореди двата случаи за, како што вели, граѓаните да видат „за какви реални закани Обвинителството не отвора постапка, а за какви наводни закани експресно реагира кога станува збор за премиерот“.
Бугарија е подготвена за најмасовното Европско првенство во бокс во историјата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

