15 септември 2026
• од Темелко Тошев
Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека е можна ескалација на тензиите меѓу Москва и Варшава, што предизвикува загриженост за безбедноста во регионот.
„Не можеме да ја исклучиме можноста ескалацијата на ситуацијата да ја погоди и нашата територија“, изјави Туск, а пренесува полската новинска агенција ПАП (PAP).
Ваквото предупредување доаѓа откако неодамна, на 11 септември, полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, излезе со предлог до НАТО за спроведување на поинтензивни воени вежби во близина на руската енклава Калининградската област.
На повикот на Сикорски веднаш реагираше Москва. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, одговори дека Русија ги презема сите неопходни мерки за заштита на тој регион.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

