17 септември 2026
• од Темелко Тошев
Коалицијата ВЛЕН реагираше во врска со одлуката на Специјализираните совети во Хаг, истакнувајќи дека со жалење и длабока индигнација ја примиле веста за пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.
„Изречените казни се тешки и неприфатливи. По еден долг и оспоруван процес, четири од клучните фигури на ослободителната војна и понатаму се држат далеку од своите семејства и од Косово“, се наведува во соопштението на партијата.
Од ВЛЕН нагласуваат дека денешната пресуда не го доведува во прашање легитимитетот на ОВК. Според нив, борбата на Ослободителната војска на Косово била праведна војна за слобода, водена против репресијата и злосторствата на режимот на Слободан Милошевиќ. Тие додаваат дека оваа историска вистина не може да се промени со ниту една судска одлука.
„Денешната одлука е првостепена и не го затвора ова прашање. Правната битка продолжува. Очекуваме во жалбената постапка сериозно да се разгледаат аргументите на одбраната и да се исправи оваа неправда“, посочуваат од коалицијата.
На крајот од своето обраќање, од ВЛЕН порачуваат дека стојат цврсто покрај семејствата на Тачи, Весели, Красниќи и Селими, покрај нивните соборци и покрај народот на Косово.
„ОВК се бореше за слобода. Оваа вистина не може да се препишува“, заклучуваат од ВЛЕН.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

