16 септември 2026
• од Темелко Тошев
Бугарската претседателка Илијана Јотова го претстави случајот со Ива Михаилова пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. Станува збор за млада жена која поседува и македонско и бугарско државјанство, а на која не ѝ се дозволува да замине на неопходно лекување во Република Бугарија.
Причината за ваквата забрана е тековен судски процес кој се води против неа во Кочани.
За време на средбата, Јотова категорично изјави дека „случајот на Ива е преседан за газење на човековите права“ и побара соодветно внимание од институциите.
Од своја страна, генералниот секретар Ален Берсе посочи дека Советот на Европа вообичаено не разгледува индивидуални случаи. Сепак, тој нагласи дека со интерес ќе се запознае со овој случај, бидејќи истиот би можел да биде показател за дел од пошироката слика во врска со заштитата на човековите права.
Случајот веќе е ескалиран и на повисоко ниво, откако официјално писмо за ситуацијата со Ива Михаилова е испратено и до Комесарот за човекови права при Советот на Европа.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

