19 септември 2026
• од Темелко Тошев
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ побара итна истрага и утврдување одговорност по објавените снимки од Маврово на кои, според здружението, се гледа убивање дивокози и несоодветно постапување со телото на едно од убиените животни.
Од „Анима Мунди“ најостро го осудија ваквиот однос кон дивиот свет и побараа надлежните институции да утврдат кој ги дозволил и контролирал активностите.
Здружението ја поддржа и иницијативата на „Еко свест“ и другите еколошки организации кои бараат посилна заштита на Националниот парк Маврово. Тие бараат и мораториум на активности што би можеле да ги загрозат природните вредности на заштитеното подрачје додека не се воспостави ефикасен систем на контрола.
Од „Анима Мунди“ порачаа дека националните паркови не смеат да се претвораат во ловечки подрачја и дека заштитените животни мора да бидат заштитени и во практика, а не само со законски одредби.
Тие побараа од Владата и надлежните институции целосна истрага, транспарентност и одговорност за случајот, нагласувајќи дека природното богатство и дивиот свет во Маврово мора да бидат зачувани за идните генерации.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

