19 септември 2026
• од Гоце Кически
Воените лидери на 32-те земји членки на НАТО се состанаа во Копенхаген за да разговараат за зајакнување на колективната одбрана, новите воени технологии и натамошната поддршка за Украина.
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, изјави дека руската агресија врз Украина и безбедносните инциденти, меѓу кои саботажи, кибернапади и нарушувања на воздушниот простор, остануваат сериозна закана за сојузниците. Тој нагласи дека НАТО продолжува да ја зајакнува воздушната и ракетната одбрана и поддршката за Украина.
На состанокот се разгледува и спроведувањето на одлуките од самитот на НАТО во Анкара. Фокусот е ставен на претворање на зголемените одбранбени буџети во конкретни воени способности, како и на побрзо воведување нови технологии и опрема.
Во текот на денот, началниците на генералштабовите на 32-те членки треба да го изберат и следниот претседател на Воениот комитет на НАТО, кој ќе ја преземе функцијата следното лето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

