19 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Европската комисија денеска ќе исплати 3,3 милијарди евра на Украина за набавка на дронови и ракети, соопшти Брисел. Средствата се наменети за зајакнување на украинската одбрана од руските напади.
Парите се дел од европскиот заем за поддршка на Украина, вреден 90 милијарди евра. Од оваа сума, 60 милијарди евра се предвидени за одбраната, а 30 милијарди за буџетска поддршка во периодот 2026 и 2027 година.
Со најновата исплата, Европската комисија годинава ќе има обезбедено речиси 15 милијарди евра за Украина, за воени и други потреби.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, порача дека Европа ќе продолжи да ја обезбедува поддршката што ѝ е потребна на Украина за заштита на населението и територијата.
Брисел најавува и нова заедничка европско-украинска програма за развој на воздушната и ракетната одбрана, со комбинирање на украинското воено искуство и европските индустриски и технолошки капацитети.
Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, ЕУ и нејзините земји членки обезбедиле вкупно 224,5 милијарди евра поддршка за Украина.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

