19 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Со Мицкоски странските инвестиции во Македонија паднаа на само 18 милиони евра во вториот квартал од 2026 година, од просечни 200 до 250 и повеќе милиони евра квартално во 2024 година, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Филипче оцени дека податоците за странските инвестиции се директен показател за последиците од економските политики на Владата.
„Во 2024 година, рекордна година, имаше 1 милијарда евра странски инвестиции, или квартално во просек 200 до 250 и повеќе милиони евра во текот на цела 2024 година, како резултат на кумулативните добри економски политики на нашата влада на СДСМ. Во 2025 година се 247 милиони евра, значи 750 милиони евра помалку странски инвестиции. Па како ќе работи економијата? Вториот квартал во 2026 година, значи од години кога сме имале во просек по 250 милиони евра странски инвестиции, овој квартал, благодарение на економските политики на Христијан Мицкоски и Гордана Кочовска, само 18 милиони евра странски инвестиции“, рече Филипче.
Тој нагласи дека, според него, не станува збор за мало намалување, туку за голема разлика во однос на нивото на инвестиции што се бележело претходно.
„Значи, не биле 20 милиони па да се намалат на 18, или 50, или 60, или 100 милиони. Биле 250 милиони евра, а во вториот квартал од 2026 година – 18 милиони евра. Еве толку од успешните политики на оваа Влада, останавме без странски инвестиции“, рече Филипче.
Филипче укажа и на, како што оцени, економските последици од блокираниот европски пат, особено врз интересот на странските инвеститори и можностите за развој на бизнисите.
„Затоа што, поради несигурноста на регионот, поради вакви изолационистички политики на Мицкоски, не сакаат странските инвеститори да дојдат. Затоа паѓаат странските инвестиции“, рече Филипче.
Говорејќи за економската состојба, Филипче оцени дека движењата кај странските инвестиции и другите економски показатели се последица на политиките на Владата. Тој ја обвини власта дека селективно ги толкува економските податоци и посочи дека растот на бруто-домашниот производ не треба да се анализира изолирано од движењето на цените и личната потрошувачка.
„Знаете зошто расте бруто-домашниот производ? Затоа што две третини од структурата на бруто-домашниот производ е личната потрошувачка и бруто-домашниот производ расте, меѓу другото, поради тоа што сè е поскапено. Затоа расте БДП, и од еден единствен голем проект кој добро функционира, а тоа е Бехтел и Енка, за кој Мицкоски кажуваше дека е голем криминал. Да потсетам, зошто не го прекина ако беше толку голем криминал?“, рече Филипче.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

