22 октомври 2026
• од Темелко Тошев
На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, откако Основното јавно обвинителство во Кочани поднело таков предлог, а судот донел решение. Како причина е наведено дека таа не им е достапна на државните органи.
Следното судско рочиште е закажано за 9 ноември 2026 година, во 9 часот.
Случајот отвора прашања за начинот на кој се постапувало со нејзиното лекување во Бугарија. Додека била во Кочани и судската постапка била во тек, Михаилова не добила дозвола да замине на лекување, бидејќи се барало да биде присутна на судењето. Сега, откако заминала во Бугарија и не им е достапна на државните органи, судот одлучил постапката да продолжи во нејзино отсуство.
Останува нејасно што се сменило во околностите и зошто присуството што претходно било услов за водење на постапката сега не е потребно за таа да продолжи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

