19 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Бугарскиот политичар Слави Трифонов изнесе информација за сообраќајната несреќа во која беше повредена Ива Михаилова, како и за најавената посета на македонскиот министер за здравство Сашо Клековски на Бугарија.
Трифонов вели дека Михаилова патувала сама од Софија кон Штип кога автомобил со градежни работници преминал во спротивната лента и удрил во нејзиното возило. Тој тврди дека еден од работниците загинал, а Михаилова била тешко повредена. Во објавата се наведува и дека работниците оделе да поправат вила на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Трифонов го обвини македонското раководство дека се обидува да ја обвини Михаилова за несреќата. Тој, исто така, ја критикуваше најавената посета на Клековски, кој, според неговиот текст, рекол дека ќе ја посети во Бугарија и ќе ја провери нејзината здравствена состојба и медицинската документација.
Во објавата Трифонов оцени дека здравствените податоци на бугарските граѓани се приватни и дека не може да се проверуваат без нивна согласност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

