15 октомври 2026
• од Димитар Стојановски
Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за финансиските извештаи и работењето на Општина Кичево за 2024 година. Ревизорите утврдиле слаба наплата на приходи, капитални проекти без соодветно планирање и пропусти во трошењето на јавните средства, објави „Слободен печат“.
Општината евидентирала побарувања од околу 238.000 евра, од кои над 100.000 евра се постари од десет години. Ревизорите посочиле и дека околу 926.000 евра биле исплатени за капитални проекти што не биле предвидени во годишната програма. Кај дел од проектите имало отстапувања од договорите, недостиг на документација и фактурирани работи за кои не можело да се потврди дека се изведени.
За рекреативниот парк во Зајас, вреден речиси 490.000 евра, наместо одобрение за градење било издадено одобрение за поставување урбана опрема. При увидот ревизорите затекнале запуштен простор и оштетена или нефункционална опрема, па не можеле да потврдат дали исплатите одговараат на изведените работи.
Ревизијата утврдила пропусти и во јавно-приватното партнерство за осветлувањето, чија вредност е 6,1 милион евра. Општината треба да плаќа по 34.000 евра месечно во период од 15 години. Дополнително, немало евиденција кому му биле доделени 100 телефонски броеви, а за 37 неактивни броеви се плаќале месечни претплати. Ревизорите посочиле и дека дел од деловните објекти користеле јавни површини без потребните одобренија и такси.
Историско чудо: Видението на Пресвета Богородица во Цариград - 14 октомври 2026
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

