13 октомври 2026
• од Гоце Кически
На Артан Груби, второобвинет во случајот „Лотарија на Македонија“, му е укинат куќниот притвор по истекот на законскиот рок од 60 дена. Сепак, неговиот пасош останува одземен, а тој останува на стоп-листата на МВР при граничните контроли, што значи дека не може да ја напушти државата, објави 4news.mk.
Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека куќниот притвор е укинат по сила на законот. Според Законот за кривичната постапка, оваа мерка не може да трае подолго од 60 дена од поднесувањето на обвинителниот предлог, кој во случајот бил поднесен на 13 август 2026 година.
Наместо куќен притвор, на Груби му се определени три мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска повремено да се јавува во судот и забрана за приближување и контактирање со одредени лица.
Во сила остануваат одземањето на пасошот и забраната за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница.
Судот го одбил барањето на одбраната за враќање на пасошот со понудена гаранција, откако надлежното обвинителство дало негативно мислење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

