09 октомври 2026
• од Гоце Кически
Поранешниот министер за правда Кренар Лога обвини дека полицијата брутално нападнала двајца млади момчиња и побара итна институционална реакција и одговорност од Министерството за внатрешни работи.
Лога на социјалните мрежи објави дека снимките од инцидентот, според него, покажуваат сериозно нарушување на професионалните стандарди во полицијата. Тој праша дали на улиците се враќа, како што ја нарече, „озлогласената полиција од времето на МВРО-ВМРО“.
Според Лога, случајот претставува тест за институциите и за нивната подготвеност да реагираат на евентуална прекумерна употреба на сила.
Тој побара разрешувања и кривична одговорност доколку се утврди дека полицајците незаконски употребиле сила, а ги критикуваше и претставниците на ВЛЕН во МВР, обвинувајќи ги дека не покажале доволно кредибилитет и професионалност.
Засега во објавата не се наведуваат повеќе детали за околностите под кои се случил инцидентот, ниту официјален став од МВР.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

