09 октомври 2026
• од Гоце Кически
Украинската противофанзива кај Лиман го попречила рускиот план за опколување на територијата под украинска контрола во Донецката област, покажува анализа на американскиот Институт за проучување на војната.
Во операцијата „Вивалди“, украинските сили ослободиле меѓу 125 и 176 квадратни километри и принудиле дел од руските единици да преминат во одбрана. Според EURONEWS, со тоа бил запрен северниот дел од рускиот обид за опколување и биле зачувани важни украински патишта за снабдување.
Институтот оценува дека Русија сè уште има ограничени придобивки во други делови од фронтот, но тешко го одржува напредувањето. Анализата ги оспорува и тврдењата на Кремљ за големи руски освојувања во септември, наведувајќи дека достапните снимки и сателитски податоци покажуваат повлекување од дел од претходно заземените позиции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

