06 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
Ситуацијата во Црното Море станува сè позагрижувачка, предупреди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, откако два трговски брода беа погодени во исклучивата економска зона на Бугарија.
Инцидентите се случија само еден ден откако турски трговски брод што превезувал украинско жито беше погоден и потона во близина на романскиот брег.
Фон дер Лајен нагласи дека точните околности околу последните инциденти сè уште се утврдуваат, но порача дека нападите врз цивилни бродови се неприфатливи.
„Стоиме во целосна солидарност со нашите земји членки на источното крило“, порача фон дер Лајен, во услови на зголемена загриженост за безбедноста на пловидбата во Црното Море.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

