06 октомври 2026
• од Тодор Вангелов
СДСМ предупредува дека финансиската состојба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се влошува и дека се потребни итни мерки за долгорочна стабилност на пензискиот систем.
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, изјави дека буџетските средства потребни за покривање на обврските на ПИОМ достигнуваат околу една милијарда евра. Таа ја обвини Владата за неодговорно управување со пензискиот систем.
На ризиците укажува и анализата презентирана од Фискалниот совет. Според неа, без реформи дефицитот поврзан со пензискиот систем може да достигне околу 1,3 милијарди евра во следните години, а најголем притисок се очекува во наредната деценија. Фискалниот совет предлага постепени реформи, меѓу кои и промени во придонесите.
Од јули годинава стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување е зголемена од 18,8 на 19,9 проценти, но истовремено придонесот за осигурување во случај на невработеност е намален од 1,2 на 0,1 процент. Со тоа вкупната стапка на задолжителните социјални придонеси останува непроменета на 28 проценти.
Тренчевска дополнително тврди дека евентуално ново зголемување на пензиските придонеси би создало дополнителен товар за работодавачите и вработените. Таа изрази и загриженост за можни интервенции поврзани со средствата од вториот пензиски столб, барајќи тие да не се користат за покривање на тековните проблеми во пензискиот систем.
Над 4.500 спорни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

