04 октомври 2026
• од Стефан Николов
Малолетник од кичевското село Србица бил пренесен во болница откако во угостителски објект во Кичево бил послужен со алкохол и му се влошила здравствената состојба.
Случајот бил пријавен во кичевската полиција на 2 октомври во 23:45 часот.
Малолетникот бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде што му била укажана медицинска помош.
Полицијата го расчистува случајот. По целосното документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице во угостителскиот објект ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

