04 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Во Градскиот парк во Скопје, кај Школка, денеска ќе се одржи „Розов пикник појадок“, настан посветен на поддршката на жените кои се соочуваат со рак на дојка и на подигнување на свеста за важноста на превентивните прегледи.
Како што пренесува МИА, настанот го организираат здружението ХЕМА-ОНКО и Медикус Хелп, под слоганот „Крилјата различни. Борбата лична. Поддршката заедничка“.
Организаторите порачуваат дека целта е жените кои живеат со болеста да почувствуваат дека не се сами. „Сакаме да им покажеме дека не се сами, заедно сме посилни и можеме многу повеќе“, велат тие.
Настанот има и цел да ја зголеми свеста за редовните превентивни прегледи, препознавањето на симптомите и навременото откривање на ракот на дојка. Предвидена е и инспиративна и емотивна програма, а поканети се сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка во борбата против оваа болест.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

