03 октомври 2026
• од Гоце Кически
Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода 12 возачи на различни локации во Северна Македонија поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Според Министерството за внатрешни работи, осуммина од приведените управувале возило без положен возачки испит. Меѓу нив има лица од Скопје, гостиварско, велешко и кочанско, како и 17-годишник од село во Општина Градско.
Двајца возачи биле затекнати како управуваат под дејство на алкохол, додека уште две лица возеле иако имале изречена забрана за управување со моторно возило.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

