01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека се потврдиле предупредувањата на неговата партија за српското влијание во земјата, влијанието поврзано со унгарскиот премиер Виктор Орбан и за потеклото на парите од унгарскиот кредит.
Филипче во гостување на Сител рече дека СДСМ уште пред две години предупредувала за овие прашања. Тој повторно го отвори и прашањето за кредитот од една милијарда евра, за кој тврди дека преку Унгарија во земјата влегле средства со кинеско потекло. СДСМ и претходно јавно го поставуваше прашањето каде завршиле парите од заемот.
Говорејќи за влијанието на Орбан, Филипче го посочи и медиумскиот сектор. Според него, значителен дел од медиумската сопственост во земјата е поврзан со унгарски сопственици и кругови блиски до Орбан.
Тој го поврза српското влијание и со односот на дел од власта кон политички теми поврзани со Србија. Филипче оцени дека таквите политики се спротивни на европската ориентација на земјата и повторно ја обвини Владата дека се оддалечува од процесот на европска интеграција.
МВР уапси 20 лица во акции против дрога, запленети 680 килограми марихуана
ЕУ со над 700.000 евра поддржа нова градинка во Пршовце, запишани 120 деца
Трговскиот дефицит на Северна Македонија порасна на 148,9 милијарди денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

