01 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Антитерористичката полиција на Обединетото Кралство уапси 27-годишен маж со британско и иранско државјанство под сомнение дека подготвувал терористички напад поврзан со инцидент кај воздухопловната база Ферфорд.
Како што објави „Политико“, мажот бил уапсен во Лондон, а полицијата испитува повеќе можни сценарија, меѓу кои и евентуална вмешаност на странска држава. Во рамки на истрагата бил испрашан и 26-годишен британски државјанин, а претресени биле две локации.
Истрагата следува по приведувањето на пет британски државјани на 27 септември, откако биле забележани сомнителни возила во близина на базата Ферфорд, која ја користат и американските воздухопловни сили. Тие подоцна биле пуштени со кауција, но остануваат под истрага.
Премиерот на Обединетото Кралство, Енди Барнам, претходно изјави дека властите веруваат оти Иран можеби имал улога во инцидентот. Базата Ферфорд годинава беше користена од американските сили за операции против Иран, по одобрение од властите на Обединетото Кралство.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

