01 октомври 2026
• од Гоце Кически
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го повика Косово да обезбеди институционална стабилност, да продолжи со реформите и да ја зајакне довербата меѓу заедниците како услов за напредок кон Европската Унија. Косовскиот премиер Албин Курти побара поддршка за добивање статус на земја кандидат за членство.
Како што јавува БГНЕС, Фон дер Лајен во Приштина го поздравила формирањето на парламентот и владата, но нагласила дека следен важен чекор е изборот на претседател. Таа порача дека стабилните институции се основа за реформите, економскиот развој и европскиот пат на Косово.
Курти потсети дека во декември ќе поминат четири години од поднесувањето на барањето на Косово за членство во ЕУ. Тој побара Брисел да го поддржи кандидатскиот статус. Фон дер Лајен, пак, посочи дека Косово може да добие до 882 милиони евра преку европскиот План за раст, од кои 62 милиони евра веќе се обезбедени како претфинансирање.
На прес-конференцијата беше отворено и прашањето за пресудите против поранешни водачи на ОВК. Фон дер Лајен нагласи дека независноста на судот во Хаг мора да се почитува и дека пресудите се однесуваат на индивидуалната одговорност на обвинетите, а не на косовскиот отпор во целина. Посетата се одржа во време на протести во Приштина во поддршка на осудените поранешни водачи на ОВК.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Филипче: Намалете ги акцизите и ДДВ-то, горивата да поевтинат до 20 денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

