01 октомври 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара Владата да ги намали акцизите и ДДВ-то за горивата, оценувајќи дека граѓаните сè потешко ги поднесуваат трошоците за живот.
По средбата со пензионери во скопски Карпош, Филипче изјави дека не е доволно тоа што власта посочува дека цените на горивата се меѓу најниските во регионот, бидејќи, според него, македонските граѓани со своите плати и пензии можат да купат помалку гориво.
Тој предложи ДДВ-то за горивата да се намали на пет проценти, како и да се намалат или укинат акцизите. Според Филипче, со такви мерки цените на горивата би можеле да се намалат за 15 до 20 денари.
Филипче предупреди дека претстојната зима може дополнително да го оптовари семејниот буџет поради повисоките трошоци за греење и неизвесноста околу цените на горивата.
Тој ја обвини Владата дека досега не покажала разбирање за предлозите на опозицијата за намалување на даночните давачки врз горивата.
Украина погоди руски центар за дронови кај Донецк и склад за муниција во Луганск
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

