30 септември 2026
• од Гоце Кически
СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека државните ресурси ги става во функција на приватни бизнис-интереси и најави дека заедно со граѓаните ќе се спротивстави на плановите за отворање нови рудници.
Од партијата тврдат дека се планираат пет нови рудници – Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, како и геолошки истражувања на Кожув и проект поврзан со ископ на антимон, метал што се користи и во воената индустрија.
СДСМ обвинува дека одлуките се носат без доволна транспарентност и дека можните последици за животната средина и здравјето на граѓаните се ставаат во втор план. Партијата ги поврзува овие планови и со најавите за дата-центри, за кои исто така тврди дека договорите се склучуваат далеку од очите на јавноста.
Од опозициската партија дополнително ја критикуваат Владата за економските политики и задолжувањето, тврдејќи дека приоритет им се дава на приватни бизнис-интереси наместо на животниот стандард на граѓаните.
„Македонија не е на продажба“, порача СДСМ, најавувајќи дека ќе се спротивстави на плановите за рудниците и ќе бара заштита на водата, земјиштето и здравјето на населението.
Руски напади врз Киев: Најмалку четворица загинати, погодена енергетската мрежа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

