27 септември 2026
• од Гоце Кически
Во Скопје денеска се одржа протестен марш за поддршка на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца поранешни водачи на УЧК, кои неодамна беа осудени за во Хаг.
Протестот започна во 14 часот на плоштадот „Скендербег“. Организаторите претходно ги повикаа граѓаните, ветераните, семејствата на загинатите и претставниците на албанските политички партии да се приклучат на маршот.
На собирот учесниците носеа транспаренти со пораки за „слобода“ и „правда“, изразувајќи несогласување со пресудите против поранешните водачи на УЧК.
Специјализираните совети во Хаг на 16 септември ги прогласија Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими за виновни за воени злосторства, меѓу кои незаконско притворање, сурово постапување, тортура и убиства. Тачи и Красниќи добија по 25 години затвор, Весели 18, а Селими 13 години.
Четворицата беа ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото. Пресудата е првостепена и може да биде обжалена.
Маса од 800.000 верници во Париз за папата, потоа молитва во светилиштето Лурд
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

