25 септември 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, изрази сериозна загриженост за европскиот пат на Македонија и порача дека времето поминува без конкретен напредок.
Филипче ова го истакна на средба со делегација од францускиот Сенат, предводена од сенаторката Марта де Сидрак, која престојува во официјална посета на земјава.
Тој упати критики до Владата за состојбите во владеењето на правото, правосудството и медиумите, како и за, според него, ризиците од странско влијание и нетранспарентни финансиски аранжмани. Филипче оцени дека овие прашања дополнително ја отежнуваат позицијата на Македонија во евроинтегративниот процес.
Според него, опозицијата ќе поддржи секој обид на Владата да обезбеди подобри услови и поголема предвидливост во преговорите со Европската Унија. Сепак, тој праша до кога ќе се чека на такви гаранции доколку нема конкретен резултат.
Филипче предупреди дека други земји од регионот и од европското соседство напредуваат кон Унијата, додека Македонија ризикува дополнително да заостанува. Тој порача дека СДСМ останува посветен на европскиот пат и очекува продолжување на поддршката од Франција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

