23 септември 2026
• од Гоце Кически
Бугарската претседателка Илијана Јотова го поставила случајот со Ива Михаиова од Кочани на средба со високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк. Таа повторила и обвинувања дека Бугарите во Северна Македонија се соочуваат со институционален притисок и дискриминација.
Јотова изјавила дека Софија понудила Михаилова да продолжи со лекување во Бугарија или бугарски медицински тим да дојде во Северна Македонија за консултации. Според неа, македонската страна не ги прифатила овие предлози.
Михајлова има македонско и бугарско државјанство и против неа се води судска постапка во Кочани. Поради судска одлука, таа не може да ја напушти земјата за лекување во странство. Бугарското Министерство за надворешни работи во август соопшти дека Апелацискиот суд во Штип ја потврдил одлуката со која не ѝ било дозволено лекување надвор од Северна Македонија.
Минатата недела Јотова го претставила случајот и пред генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе. На средбата со Турк таа разговарала и за заштитата на човековите права во услови на брз развој на вештачката интелигенција.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

