22 септември 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ поднесе Предлог-закон за финансиска поддршка на повеќе категории земјоделци, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче. Предлогот предвидува дополнителна помош за лозарите, производителите на пиперка, пченица и ориз, како и за сточарите.
Според Филипче, мерките биле подготвени по средби со земјоделци низ државата и треба да им помогнат полесно да го планираат производството за следната година.
За лозарите се предлагаат осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За оние што нема да успеат да го продадат грозјето се предлагаат по 300.000 денари за хектар евидентиран лозов насад.
Производителите на пиперка ајварка би добиле по 10 денари за секој продаден килограм и дополнителни 200.000 денари по хектар засадена површина. За пченицата е предложена поддршка од пет денари за килограм, а за оризовата арпа по 10 денари за произведен и продаден килограм.
Предлогот предвидува и по 8.000 денари за секое грло добиток за сточарите што ги исполнуваат предвидените услови.
Филипче ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да го поддржат законот, оценувајќи дека мерките се потребни за зачувување на домашното земјоделско производство и егзистенцијата на земјоделските семејства.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

