22 септември 2026
• од Никола Трајковски
Такси-компанијата „Волт Премиум Такси“ и американската технолошка компанија „Тенсър“ ќе воведат во Софија автопарк со целосно автономни роботакси, кој според компаниите ќе биде прв од ваков вид во Источна Европа.
Во рамки на партнерството, „Волт Премиум Такси“ првично ќе нарача 200 автономни возила. Долгорочниот план предвидува бројот да се зголеми до 2.000 возила, со постепено проширување на услугата и на други пазари во регионот.
Компанијата ќе изгради и специјализирана инфраструктура во Софија за одржување и поддршка на автономните возила.
Од „Волт Премиум Такси“ наведуваат дека проектот ќе се развива паралелно со усогласувањето на европските и локалните правила за автономен транспорт. Целта е да се понуди услуга со високи стандарди за безбедност и удобност.
Основачот на компанијата, Оги Попов, изјави дека автономните возила претставуваат нова фаза во развојот на градскиот транспорт. Од „Тенсър“, пак, велат дека нивните возила се развиваат со акцент на безбедноста, сигурноста и комфорот на патниците.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

