22 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Американскиот конгресмен Џо Вилсон изјави дека со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова разговарал за енергетската безбедност, руската закана и растечкото кинеско технолошко влијание во Европа, со посебен осврт на Србија.
По средбата во Њујорк, Вилсон порача дека е загрижен поради присуството на технологии поврзани со Комунистичката партија на Кина, кои, според него, властите на српскиот претседател Александар Вучиќ ги внесуваат во Европа. Вилсон и претходно јавно ги критикуваше врските на Белград со Кина и Русија.
Србија во изминатите години развиваше тесна економска и технолошка соработка со Кина, вклучително и употреба на кинески системи за видеонадзор. Овие технологии предизвикуваат загриженост кај дел од западните претставници и организациите за човекови права поради можната употреба за масовен надзор.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека на средбата биле разгледани стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, соработката во безбедноста и одбраната, како и можностите за посилен политички и економски дијалог. Петрова нагласила дека двете земји се сојузници и стратешки партнери.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

