22 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека имал „многу конструктивен“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за војната во Украина и состојбата на Блискиот Исток. Средбата се одржа во Њујорк, во пресрет на Генералното собрание на Обединетите нации.
Макрон рече дека разговарале за можностите повторно да се овозможи поголем сообраќај низ теснецот Ормус, важна рута за светската трговија со нафта и гас. Тема била и безбедноста на пловидбата во Црвеното Море, која има големо влијание врз глобалните цени и трговијата.
За Украина, Макрон побара побрза и посилна помош за Киев, особено со системи и ракети за пресретнување руски воздушни напади. Според него, станува збор за одбранбени средства потребни за заштита на украинската територија и енергетската инфраструктура.
Двајцата претседатели разговарале и за можноста за прекин на нападите врз енергетски цели и за мораториум во Црното Море. Макрон најави дека за овие прашања ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

