22 септември 2026
• од Димитар Стојановски
Полицијата на скопскиот аеродром уапсила 29-годишен жител на гостиварското село Топлица, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна.
Апсењето било извршено на 21 септември во 12:30 часот, при влез во државата на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје.
Според полицијата, за И.Ч. била распишана судска наредба за издржување казна затвор од две години поради сторено кривично дело „тешка кражба“.
По приведувањето, тој бил спроведен во Затвор Скопје, каде што треба да ја издржува казната.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

