22 септември 2026
• од Гоце Кически
Левица соопшти дека поднела жалба до надлежната агенција, откако, според партијата, Град Скопје не одговорил на барањето за информации и документи за годинашното прскање против комарци.
Партијата бара податоци за датумите и местата на третманите, употребените препарати и количества, дозите по хектар, како и за контролата и следењето на нивната ефикасност. Побарани биле и фактури, записници и други докази за спроведените третмани.
Левица тврди дека од јавно достапната документација за набавките се отвора прашањето дали дел од превентивните активности почнале навреме. Партијата бара и информации дали бил спроведуван надзор на бројноста на комарците пред и по третманите и дали биле чистени каналите и другите места со застоена вода.
Прашањата се отвораат во година со значително зголемен број случаи на западнонилска треска. Институтот за јавно здравје до 15 септември регистрирал 65 случаи, од кои 60 потврдени, а 60 заболени биле жители на Скопје. До тој датум биле евидентирани осум смртни случаи. На 21 септември директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, соопшти и за деветти смртен случај.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести претходно оцени дека Скопскиот регион се соочува со досега невиден пораст на западнонилската треска. Во претходната деценија Македонија имала најмногу пет човечки инфекции годишно. Од 2011 до крајот на 2025 година во земјава биле регистрирани вкупно 54 лабораториски потврдени случаи и пет смртни случаи поврзани со болеста.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

