23 септември 2026
• од Гоце Кически
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека финансиската состојба во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се влошува и оцени дека растечката зависност од државниот Буџет може да создаде ризици за исплатата на пензиите.
На трибина во Аеродром, Филипче изјави дека, според неговите пресметки, недостигот во Пензискиот фонд за две години се зголемил од околу 500 милиони на една милијарда евра. Тој тврди дека разликата мора да се покрива со средства од државниот Буџет и со нови задолжувања.
Официјалната фискална стратегија предвидува дека во 2026 година од Буџетот во Пензискиот фонд ќе бидат префрлени околу 50,7 милијарди денари. Според истиот документ, буџетските трансфери треба да обезбедат околу 36 проценти од вкупните приходи на Фондот.
Филипче оцени и дека поголемото задолжување нема да создаде економски раст доколку парите главно се користат за тековни обврски, како плати и пензии. Тој предупреди дека таквата политика, според него, може дополнително да ја зголеми буџетската дупка.
Лидерот на СДСМ ја поврза економската состојба и со европскиот пат на земјата, тврдејќи дека застојот во евроинтеграциите може да ги намали можностите за пристап до европски средства и дополнително да ја зголеми зависноста од задолжување.
ЕУ одмрзнува 4,2 милијарди евра за Унгарија по реформите за владеење на правото
Гутереш во последното обраќање во ОН повика на крај на војните и контрола на ВИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

