22 септември 2026
• од Гоце Кически
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека уставните измени сами по себе не претставуваат ризик за македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.
Според него, уставните измени се дел од договореното со Европската унија и нивното спроведување не би ги загрозило националните интереси.
Филипче рече дека е свесен оти во текот на преговорите може да има чувствителни прашања, меѓу кои и теми поврзани со историската комисија. Сепак, тој смета дека задачата на политиката е да ги избегне ризиците и истовремено да обезбеди напредок на државата.
Тој посочи дека целта треба да биде пристап до европските фондови и подобрување на животниот стандард на граѓаните, со целосна заштита на македонскиот јазик, култура, историја и идентитет.
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, АМСМ предупредува на одрони
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

